• недела, 22 декември 2024

Мадуро смени високи армиски команданти

Мадуро смени високи армиски команданти
Каракас, 8 јули 2020 (МИА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро вчера ги смени командантите на копнените и на поморските сили, како и командантот на военото воздухопловство. Но, и покрај смените на командантите, на функција останува министерот за одбрана Бладимир Падрино Лопез. - Како и секогаш, одлучив да има делумна потврда и делумно обнова на исклучителниот тим на воени команданти, кои ја предводат врвната воена команда на Венецуела, изјави Мадуро за време на церемонијата што се емитуваше на државната телевизија. Армијата е еден од поддржувачите на Мадуро. Претходно, Врховниот суд на Венецуела го отстрани од раководството на партијата Народна волја венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо и на негово место постави еден од неговите политички ривали. Согласно со одлука на судот Народна волја треба да биде раководена од Хозе Грегорио Нориега. ми/  

Остани поврзан