• петок, 21 февруари 2025

Шолц: Мандатот на Трамп ќе претставува предизвик за Европа

Шолц: Мандатот на Трамп ќе претставува предизвик за Европа

Париз, 22 јануари 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе претставува предизвик за Европа, наведувајќи дека таа мора да остане силна во светот на големи промени.

Шолц во Париз, каде што се состана со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека Европа мора да биде силна и издржлива во светот на големи промени.

-Претседателот Трамп, тоа е веќе јасно, ќе претставува предизвик, рече Шолц.

Макрон и Шолц денеска ќе разговараат и за Украина и економските прашања.

Во изјавите пред работниот ручек во Елисејската палата, и Макрон и Шолц инсистираа дека Европа е силна и дека француско-германската алијанса е силна додека се очекуваат тешкотии.

Двајцата европски лидери се сретнаа откако Доналд Трамп стана претседател на САД и се заканија дека ќе воведат санкции кон Европа.

Трамп вчера рече дека е многу лошо што САД имаат трговски дефицит со Европа, сугерирајќи дека тој може да се реши со воведување царини. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан