• сабота, 22 февруари 2025

Магла на неколку патни правци низ државата

Магла на неколку патни правци низ државата

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Во Прилеп и Македонски Брод поради појава на магла видливоста на патиштата е намалена од 30 до 50 метри, а во Струмица и Берово и на патниот правец Тетово кон село Гајре од 50 до 70 метри. 

Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан