МААЕ го повика Иран да овозможи верификација на резервите нуклеарен материјал
- Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска го повика Иран што е можно поскоро да овозможи верификација на своите резерви нуклеарен материјал, особено на резервите на високо збогатен ураниум
Виена, 12 ноември 2025 (МИА) – Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска го повика Иран што е можно поскоро да овозможи верификација на своите резерви нуклеарен материјал, особено на резервите на високо збогатен ураниум.
МААЕ соопшти дека, од 12-дневната војна помеѓу Израел и Иран, го изгубила континуитетот на информациите поврзани со претходно објавените резерви.
Организацијата на Обединети нации оцени дека е „клучно“ да може да ги потврди иранските резерви „што е можно поскоро за да ја ублажи својата загриженост“. ми/
фото: МИА архива