• сабота, 27 април 2024

ЛШ: Интер со минимална победа над Порто, Сити ремизира во Лајпциг

ЛШ: Интер со минимална победа над Порто, Сити ремизира во Лајпциг

Милано, 22 февруари 2023 (МИА) – Екипата на Интер го победи Порто со 1:0 вечерва на домашен терен благодарение на голот на Ромелу Лукаку постигнат во 86. минута.

Порто натпреварот го заврши со фудбалер помалку по исклучувањето на Отавио кој во 78. минута доби втор жолт картон.

На вториот вечерашен натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Лајпциг и Манчестер сити одиграа нерешено 1:1.

Гостите од Англија поведоа со голот на Ријад Марез. Германскиот тим изедначи преку Јошко Гвардиол.

Реваншите се на програмата на 14 март на теренот на Порто и на Манчестер сити. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан