ЛШ: Винисиус го предводи идеалниот тим во избор на УЕФА
- Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор е прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите (ЛШ) на УЕФА за сезоната 2023/2024, објави денеска раководното тело на европскиот фудбал.
Нион, 3 јуни 2024 (МИА) – Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор е прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите (ЛШ) на УЕФА за сезоната 2023/2024, објави денеска раководното тело на европскиот фудбал.
На десет натпревари колку што настапи во ЛШ, Винисиус постигна шест голови и додаде пет асистенции со што придонесе Реал да го освои трофејот откако во финалето ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0.
Соиграчот на Винисиус, англискиот репрезентативец Џуд Белингем, е прогласен за најдобар млад играч во ЛШ за минатата сезона.
УЕФА го објави и идеалниот состав на турнирот за сезоната 2023/2024. Во него се најдоа по четворица играчи од Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а има по еден играч од ПСЖ, Баерн Минхен и Манчестер Сити.
Идеален тим во Лигата на шампионите за 2023/24: Грегор Кобел (Борусија Дортмунд), Даниел Карвахал (Реал Мадрид), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Јан Матсен (Борусија Дортмунд), Витиња (ПСЖ), Марсеј Сабицер (Борусија Дортмунд), Винисиус Јуниор (Реал Мадрид), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Фил Фоден (Манчестер Сити), Хари Кејн (Баерн Минхен). ег ФОТО: Фејсбук