• недела, 22 декември 2024

Лунин се извини по катастрофалниот пораз од Романија

Лунин се извини по катастрофалниот пораз од Романија

Минхен, 18 јуни 2024 (МИА) - Голманот на украинската репрезентација Андреј Лунин се извини за поразот од Романија (0:3) во првото коло на групниот турнир на Евро 2024 година.

-Сакам да му се извинам на тимот, на сите. Уште не е готово. Немаме избор, треба брзо да се опоравиме, да се префрлиме на следниот натпревар, да направиме се што е можно и невозможно за да стигнеме понатаму, изјави Лунин за украинските медиуми.

Голманот на Реал Мадрид беше виновник за два од примените три гола.

Во следниот натпревар Украина ќе игра против Словачка на 21 јуни. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан