• петок, 19 јули 2024

Лунин би можел да го замени Тибо Куртоа како главен голман на Реал

Лунин би можел да го замени Тибо Куртоа како главен голман на Реал

Мадрид, 13 јануари 2024 (МИА) - Голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин може да го замени Тибо Куртоа како главен голман на клубот.

Според „Ел Национал“, одлуката на тренерот Карло Анчелоти ќе остане на сила и по закрепнувањето на Белгиецот. Во август 2023 година, на Куртоа му беше дијагностициран скинат преден вкрстен лигамент на коленото.

Како што претходно беше објавено дека Анчелоти решил да го направи Лунин главен голман во пар со Шпанецот Кепа Аризабалага.

Лунин оваа сезона бранеше на 10 натпревари за Реал, прими шест гола и пет пати ја зачува мрежата „чиста“.

Договорот на 24-годишниот Украинец со мадридскиот клуб е со важност до летото 2025 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на голманот на осум милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан