• среда, 12 јуни 2024

Лука Божиќ прогласен за МВП во АБА-лигата

Лука Божиќ прогласен за МВП во АБА-лигата

Белград, 27 април 2023 (МИА) - Лука Божиќ од Задар е избран за МВП на редовната сезона на регионалната кошаркарска АБА-лига. Во гласањето учествуваа тренери, новинарите и љубителите на кошарката.

 

Божиќ победи пред Факундо Кампацо од Црвена звезда и Матијас Лесорт од Партизан.

 

Кај кошаркарот на Задар отидоа 79 % комбинирани гласови, пред Факундо Кампацо од Црвена звезда, кој имаше 12,3% и Матијас Лесорт од Партизан кој го заврши гласањето со 7,1% од комбинираните гласови. гласови.

 

Да напоменеме дека Лука Божиќ беше најдобар во сите три гласања, во гласањето на главните тренери на тимовите, новинарите и навивачите.

 

Божиќ сезонава просечно бележи 22 поени, 9,8 скока, 6,4 асистенции по натпревар со индекс на вреднување 32,6. зс/

 

Фото: АБА

Остани поврзан