Лукашенко: Загриженоста за можноста од трета светска војна е оправдана
- Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека загриженоста за можен почеток на Трета светска војна е целосно оправдана, пренесува руската државна агенција Тасс.
![Лукашенко: Загриженоста за можноста од трета светска војна е оправдана](https://mia.mk/images/20240220192843_big_730x400_50.webp )
Минск, 20 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека загриженоста за можен почеток на Трета светска војна е целосно оправдана, пренесува руската државна агенција Тасс.
- Воената сила повторно стана главен аргумент на глобалните центри за одлучување. Како никогаш да немало милиони загуби на човечки животи и ужаси за време на Првата и Втората светска војна! Загриженоста за можна трета светска војна е легитимна, има причини за тоа, рече Лукашенко на состанокот со највисоките претставници за националната безбедност, јави новинската агенција БелТА.
Според Лукашенко, десетици илјади војници на НАТО и стотици единици воена опрема, авиони и хеликоптери се распоредени во близина на границите на Русија и Белорусија.
- Приближно 32.000 војници од комбинираните контингенти на вооружените сили на НАТО и САД се стационирани во непосредна близина на Белорусија и Русија, во рамките на операциите на алијансата во Европа. Станува збор за повеќе од 1.000 оклопни единици, околу 160 артилериски системи и минофрлачи, 235 авиони и хеликоптери, рече Лукашенко. јт/
Фото: Кабинет на Лукашенко