• недела, 24 ноември 2024

Лукаревска: Растот на платите и пензиите доказ дека имаме реални и остварливи решенија за граѓаните

Лукаревска: Растот на платите и пензиите доказ дека имаме реални и остварливи решенија за граѓаните

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Година и половина пред предвиденото, минималната плата во земјава надмина 20.000 денари, а просечната стигна до 34.000 денари, а истовремено го зголемивме и лимитот за поврат на Мој ДДВ на 2.100 денари по тромесечје, изјави денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на работен состанок со новоизбраните претседатели на партиските комисии.

- Комисиите се важен дел од функционирањето на партијата, особено во креирањето на мерките и политиките за Програмите на СДСМ. Огромен дел од клучните ветувања во Програмата за парламентарните избори во 2020 се веќе реализирани или се во фаза на реализација, рече Лукаревска на состанокот, на кој се говорело за актуелни теми, процесот на комплетирање на составите на комисиите, динамиката на следните активности, како и степенот на реализација на Програмата од изборите во 2020 година по соодветни области.

Според неа, постигнатите резултати се доказ дека комисии на СДСМ имаат капацитет, дека знаат да направат сериозни процени и да креираат остварливи решенија во интерес на граѓаните и државата.

Пред присутните Лукаревска најави дека во периодот што следи ќе започнат различни активности околу подготовка на новата програма, затоа што како што истакна, навременоста и инклузивниот процес се клучот за создавање одржливи решенија. сп/

Фото: СДСМ

Остани поврзан