• недела, 22 декември 2024

Лоши вести за Реал: Родриго три недели надвор од теренот

Лоши вести за Реал: Родриго три недели надвор од теренот

Мадрид, 24 октомври 2024 (МИА) - Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго поради повреда на бутниот мускул ќе биде надвор од терените три недели, пренесуваат медиумите во Шпанија. Тој се повреди пред два дена на натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (5:2).

Реал денеска соопшти дека по дополнителните прегледи било утврдено дека Бразилецот се здобил со повреда на бутниот мускул, но мадридскиот клуб не прецизираше колку време Родриго ќе мора да паузира.

Шпанските медиуми јавуваат дека играчот на Реал поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Барселона, Валенсија и Осасуна во Примера, како и дуелот со Милан во Лигата на шампионите.

На натпреварот против Борусија се повреди и првиот голман на Реал, Тибо Куртоа, но се уште не е познато колку долго Белгиецот ќе отсуствува од терените.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Андреј Лунин ќе го замени белгискиот голман на голот на Реал доколку Куртоа не се опорави од повредата до натпреварот против Барселона.

Натпреварот помеѓу Реал и Барселона се игра во сабота од 21 часот во Мадрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан