Анчелоти: Летово треба да проценам околу 70 играчи ширум светот
- Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Карло Анчелоти проговори за неговите планови за летото.

Рио де Жанеиро, 12 јуни 2025 (МИА) - Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Карло Анчелоти проговори за неговите планови за летото.
-Освен следење на Светското клупско првенство, следниот период ми претстои многу работа. Имам долга листа со фудбалери кои се насекаде низ светот: во Бразил, во Европа, во арапските земји, околу 70 играчи. Ќе имам време да го оценам секој од нив. Нема конкретен список од 25-26 играчи кои дефинитивно ќе одат на Светското првенство, изјави Анчелоти за „Глобо“.
Репрезентацијата на Бразил во септември ќе одигра натпревари со селекциите на Чиле и Боливија како дел од квалификациите за СП 2026 година. Натпреварите ќе се играат на 3 и 6 септември.
Бразилците веќе го обезбедија учеството на Мундијалот 2026. зс/
Фото. ЕПА