• петок, 05 декември 2025

Баерн се вклучува во трката за Нико Вилијамс

Баерн се вклучува во трката за Нико Вилијамс

Минхен, 12 јуни 2025 (МИА) - Баерн е во контакт со напаѓачот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, објави „Ел Корео“. 

Клубот од Минхен е оптимист за можноста да потпише со шпанскиот репрезентативец.

Актуелниот договор на 22-годишниот Шпанец со клубот од Билбао е до 2027 година. 

„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Вилијамс настапи на 45 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 голови и направи седум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан