• вторник, 05 ноември 2024

Лопетеги ќе го спасува Вулвс од испаѓање

Лопетеги ќе го спасува Вулвс од испаѓање
Вулверхемптон, 5 ноември 2022 (МИА) - Хулен Лопетеги е новиот тренер на Вулверхемптон. Според новинарот Лиам Кин, договорот ќе биде официјализиран во рок од 24-48 часа. Лопетеги нема да го води тимот до Светското првенство во 2022 година. Тој ќе почне со работа по натпреварот против Арсенал. На почетокот на октомври, Јулен Лопетеги доби отказ од Севилја, на која беше тренер три години. Тренер на Вулверхемптон сега е Стив Дејвис, кој беше назначен на 3 октомври по отпуштањето на Бруно Лаге. Вулвс моментално се на 19. место во Премиер лигата со 10 бода од 13 натпревари. зс/

Остани поврзан