Лопетеги пред отказ во Вест Хем
- Раководството на англискиот фудбалски прволигаш Вест Хем е поделено околу тоа дали Хулен Лопетеги треба да остане тренер на лондонскиот тим, по серијата слаби резултати.
Лондон, 4 декември 2024 (МИА) – Раководството на англискиот фудбалски прволигаш Вест Хем е поделено околу тоа дали Хулен Лопетеги треба да остане тренер на лондонскиот тим, по серијата слаби резултати.
Иднината на шпанскиот тренер во Вест Хем е неизвесна, бидејќи раководството на клубот е поделено процентуално 60-40 околу тоа дали да го отпушти, објави денеска телевизијата Скај.
Најавите за отказ за Лопетеги доаѓаат по двата последователни порази, против Арсенал и Лестер, кои го оставија Вест Хем на 14. место на табелата во Премиер лигата.
Конечната одлука околу иднината на Лопетеги во лондонски Вест Хем се очекува да биде донесена до петок. ег
ФОТО: Икс