Лондон: Украинците напаѓаат важни руски цели
- Според најновата разузнавачка процена на британското Министерство за одбрана украинските сили почнаа напади врз „важни цели во областите под руска окупација“
Лондон, 25 март 2022 (МИА) – Според најновата разузнавачка процена на британското Министерство за одбрана украинските сили почнаа напади врз „важни цели во областите под руска окупација“.
Како важни цели се посочуваат десантниот брод и магацините за муниција во Бердјанск, пристаништен град во југоисточна Украина.
Во извештајот се истакнува дека украинските сили продолжуваат да „таргетираат логистички средства во областите контролирани од Русија“.
- Ова ќе ја принуди руската војска приоритет да и биде одбраната на својот синџир на снабдување и да ѝ се оневозможи толку потребното снабдување со сили, се посочува во извештајот. ми/