• среда, 10 јули 2024

Лондонската полиција уапси маж по напад со нож во близина на Британскиот музеј

Лондонската полиција уапси маж по напад со нож во близина на Британскиот музеј

Лондон, 8 август 2023 (МИА) - Лондонската полиција уапси маж под сомнение дека нанел тешки телесни повреди откако избоден со нож едно лице во близина на Британскиот музеј во Лондон, соопштија властите.

Музејот беше евакуиран и властите посочија дека „нема ризик за јавноста“.

„Еден маж е уапсен под сомнение дека предизвикал тешки телесни повреди по изолиран инцидент на крстосницата на улиците „Грејт Расел“ и „Музеј“ околу 10 часот утринава - еден маж е пренесен во болница со убодна рана“, се вели во изјава на Скотланд Јард на социјалните мрежи.

Крстосницата се наоѓа веднаш до влезот на Британскиот музеј во центарот на Лондон. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан