• среда, 24 јули 2024

Локализиран пожарот над Подгорица

Локализиран пожарот над Подгорица

Подгорица, 24 јули 2024 (МИА) – Успешно е локализиран пожарот што синоќа зафати брдо над Подгорица, соопштија властите утрово. Заменик градоначалникот на главниот град на Црна Гора,  Лука Ракчевиќ соопшти дека пожарот што го зафати ридот Горица над Подгорица е локализиран, а осомничените за предизвикување на пожарот се уапсени и предадени на обвинителството. Синоќа околу 21:00 часот на ридот Горица во Подгорица избувна голем пожар по огномет организиран од неколку лица.

Пожарот избувнал брзо и зафатил бројни четинари во „белите дробови на градот“, јавија подгорички медиуми.

Поради пожарот без струја останаа градски и приградски населби во Подгорица. Ракчевиќ во објава на Инстаграм рече дека првиот дел од пожарот што бил забележан во 21 часот најверојатно бил предизвикан од несовесно палење огномет.зш/

Остани поврзан