• сабота, 11 мај 2024

Локализиран пожарот во липковско

Локализиран пожарот во липковско

Куманово, 5 август 2023 (МИА) - Изгаснат е пожарот во липковско, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Пожарот е локализиран околу полноќ. Во гаснењето покрај кумановски пожарникари учествувале и месно население и претставници од шумско стопанство. Во моментов нема горење, но поради опасност од повторна појава има екипа која е постојано на терен.

Во пожарот беше зафатена поголема површина над селото Слупчане, кон Ваксинце, горела сува трева, грмушки. На терен беа ангажирани две противпожарни возила и седум пожарникари како и претставници од ЈП „Национални Шуми“.

Кумановските пожарникари интервенирале и во населбата Карпош на запалена сува трева околу 21 часот. Пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожар во село Ругинце. ам/ев/

ФОТО: МИА 

Остани поврзан