• недела, 22 декември 2024

Ловрен ја заврши репрезентативната кариера

Ловрен ја заврши репрезентативната кариера

Загреб, 23 февруари 2023 (МИА) - Дејан Ловрен се повлече од хрватската репрезентација. Хрватскиот фудбалски сојуз денес објави соопштение и проштално писмо од дефанзивецот.

- Оваа одлука ја донесов по долго размислување. Дојде денот кога треба да се збогувам со репрезентацијата, иако и понатаму останувам страстен навивач на репрезентацијата.

Најубавата страница во оваа приказна за мене е сето она што го постигнавме во изминатите пет години. Да бидам искрен, сè уште ми изгледа како еден голем сон. Никогаш нема да ги заборавам овие моменти и засекогаш ќе ги чувам во моето срце.

Благодарам за соработката на сите тренери, од Славен Билиќ до Златко Далиќ, научив многу од сите. Им благодариме на сите поранешни и сегашни соиграчи за оваа незаборавна авантура. Споделивме подеми и падови, смеа и солзи. Ми станавте како браќа. Бевте покрај мене кога ми беше навистина тешко.

Како и секогаш ќе бидам покрај вас. Ви благодарам од се срце, напиша дефанзивецот на Лион.

Ловрен во хрватската репрезентација е од 2009 година. Како дел од тимот „коцкестите“ одигра 78 натпревари, стана вицешампион на светот во 2018 година и бронзен медалист на Светското првенство во Катар 2022 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан