Лишен од слобода возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол
- Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица утрово во 2:53 часот во Македонска Каменица го лишиле од слобода Ј.А.(54) од село Дулица, општина Македонска Каменица заради управување возило под дејство на алкохол.
Скопје, 22 јуни 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица утрово во 2:53 часот во Македонска Каменица го лишиле од слобода Ј.А.(54) од село Дулица, општина Македонска Каменица заради управување возило под дејство на алкохол.
-При контрола во патниот сообраќај на улица „Церска“ во Македонска Каменица, полициските службеници сопреле патничко возило „лада нива“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во организмот, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување на моторно возило“.вј/
Фото: МИА архива