• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода арачиновец баран за издржување казна затвор од четири години

Лишен од слобода арачиновец баран за издржување казна затвор од четири години

Скопје, 18 април 2025 (МИА) - По преземени оперативно - тактички мерки, полициски службеници денеска, околу 08:30 часот во с.Арачиново, го лишиле од слобода А. Б.(40) од Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 став 1 и казна затвор од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено во Казнено-поправна установа Идризово за издржување на казната. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан