• понеделник, 24 март 2025

Лишени од слобода 17 лица кои не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост

Лишени од слобода 17 лица кои не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост

Скопје, 23 март 2025 (МИА) - Вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост -  кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп. 

Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево - еден сопственик на угостителски објект и во Куманово се  приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект осомничени дека ја прекршиле донесената одлука. 

-По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР. хс/цр

Фото: МИА архива  

Остани поврзан