• понеделник, 23 декември 2024

Липи: Сезоната во Италија треба да се доигра

Липи: Сезоната во Италија треба да се доигра
Милано, 11 април 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Јувентус и италијанската репрезентација, Марчело Липи изјави дека треба да се заврши сезоната во Серија А. - Сега нема услови за играње фудбал и мислам дека нема да има никој за еден месец. Но, кога ќе заврши големата опасност, тогаш мислам дека сезоната треба да се доигра, дури и пред празни трибини. Играњето без навивачи не е многу пријатно, но тогаш можете да гледате натпревари на ТВ, тоа е нешто. Јас сум против да се објави сегашниот пласман како краен. Сезоната мора да заврши со игра на теренот, изјави Марчело Липи за „Скај Спорт Италија“.

Тагови

Остани поврзан