Лион избегна исклучување од Лигата на Европа поради финансиски проблеми
- Францускиот фудбалски прволигаш Лион избегна исфрлање од Лигата на Европа. УЕФА официјално објави дека условната дисквалификација изречена поради финансиските проблеми на клубот е укината.

Нион, 5 февруари 2025 (МИА) – Францускиот фудбалски прволигаш Лион избегна исфрлање од Лигата на Европа. УЕФА официјално објави дека условната дисквалификација изречена поради финансиските проблеми на клубот е укината.
Лион, кој го освои шестото место по групната фаза и избори директен пласман во осминафиналето во Лига Европа, можеше да биде дисквалификуван од понатамошното учество на турнирот.
- Во декември 2024 година, поради неусогласеност на финансиските извештаи беше одлучено да се исклучи Лион од клупските натпреварувања на УЕФА за сезоната 2024/25, доколку клубот не ги среди проблемите до 30 јануари 2025 година.
Лион ги презеде потребните мерки и ги исполни наведените услови во наведената временска рамка. Како резултат на тоа, избегна дисквалификација. Лион и натаму ќе биде подложен на темелно следење на неговата усогласеност со барањата за финансиска одржливост во согласност со УЕФА за лиценцирање клубови и регулативи за финансиска одржливост, се вели во соопштението на УЕФА.
За потсетување, во ноември минатата година се дозна дека Лион се соочува со исклучување од Лига 1 поради долг од 505,1 милиони евра доколку седумкратниот француски шампион не ја поправи ситуацијата до лето. зс/
Фото: ЕПА