Лилард ќе пропушти најмалку уште една недела поради повреда
- Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, ќе биде подложен на дополнителни прегледи и консултации во врска со повредата на долниот дел на абдоменот, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Портланд, 5 јануари 2022 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, ќе биде подложен на дополнителни прегледи и консултации во врска со повредата на долниот дел на абдоменот, објавено е на официјалниот сајт на клубот.
Лилард ќе ги пропушти претстојните натпревари од НБА-лигата против Мајами (5 јануари), Кливленд (7 јануари) и Сакраменто (9 јануари).
Играчот може да се врати на терените следната недела.
Во тековната сезона, Лилард одигра 29 натпревари, со просек од 24 поени, 7,3 асистенции и 4,1 скока. зс/