Ликовна работилница и изложба по повод Меѓународниот ден на детето во Уметничка Галерија Тетово
- Во Уметничка Галерија Тетово изложени се делата од ликовната работилница "KIDS LOVE ART" (Децата сакаат уметност), која ја организираше установата во соработка со училиштата, а се поставени п

Тетово, 1 јуни 2022 (МИА) - Во Уметничка Галерија Тетово изложени се делата од ликовната работилница "KIDS LOVE ART" (Децата сакаат уметност), која ја организираше установата во соработка со училиштата, а се поставени по повод Меѓународниот ден на детето.
Децата изминатите два дена твореа во просториите на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.

- Ликовната работилница заврши со колективна изложба на која беа претставени прекрасните дела на учениците создадени за време на оваа дводневна активност. Оваа изложба е реализирана по повод Меѓународниот ден на детето и целта е да ги поттикне децата да се занимаваат со културно-уметнички активности и на некој начин да се дружат меѓу себе преку уметност, порачаа од Уметничката Галерија.
Во изработката на уметничката дела учествуваа наставниците од општинските основни училишта. ас/ар/