• петок, 15 ноември 2024

Ликовна изложба на Владимир Георгиевски во Берово

Ликовна изложба на Владимир Георгиевски во Берово

Берово, 5 јуни 2024 (МИА) - Во Историско-етнолошкиот музеј на Град Берово денеска беше отворена гостинската ликовна изложба на еден од најзначајните македонски современи уметници - Владимир Георгиевски (1942-2017). Изложбата е дел од мрежата „МузеумЛинк“, која има за цел да ја приближи ликовната уметност до што поголем број нејзини љубители низ сите градови во државата.

Изложбата во присуство на Јасминка Намичева од Музеј на Град Скопје и Фросина Георгиевска, ќерка на уметникот ја отвори  директорот на ДК „Димитар Беровски“ Звонко Скендерски.

-Посетителите на Музеј на Град Берово ќе имаат можност да ја погледнат ликовната изложба во текот на целата наредна работна недела. На изложбата се претставени триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештво, истална Скендерски.

Во рамки на настанот беше реализирана ликовна работилница за ученици од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и ОСУ „Ацо Русковски“.

 -Учесниците создадоа ликовни творби инспирирани од изложените дела на уметникот, а под менторство на нивните професори по ликовно образование - Миле Сачкарски и Слободан Пандов, додаде директоеот на беровскиот дом на култура.

Изложбата ќе биде отворена до 15 јуни 2024 година. вс/сст/

Фото: МИА
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан