Лидерите на Европскиот сојуз за промени на среби со пратениците од пратеничката група на ЦДУ во германскиот Бундестаг
- Лидерите на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити во германскиот Бундестаг имаа средбиа со пратениците од пратеничката група на ЦДУ, Манфред Грунд, Хеинке Бремер, Ања Карличек, поранешна министерка за образование и истражување и со членови на нивните кабинети, информираат од Беса.
Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Лидерите на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити во германскиот Бундестаг имаа средбиа со пратениците од пратеничката група на ЦДУ, Манфред Грунд, Хеинке Бремер, Ања Карличек, поранешна министерка за образование и истражување и со членови на нивните кабинети, информираат од Беса.
Фокусот на разговорите, се вели во соопштението, биле продлабочувањето на институционалната и меѓупартиската соработка меѓу пратеничката група на Европскиот сојуз за промени и пратеничката група на ЦДУ, во рамките на соодветните парламенти, како и темата за зголемување на бројот на германски туристи во Северна Македонија и привлекување германски инвеститори.
Делегацијата на Европскиот сојуз за промени ги презентираше деталите за правните, развојните и инфраструктурните можности на земјата, нагласувајќи го нејзиниот потенцијал. Особено беше нагласена потребата пред германската публика да се претстават конкретните можности и предности што ги нуди Северна Македонија за инвестиции. Делегацијата, се вели во соопштението од Беса, ја фокусираше дискусијата на секторот за туризам, угостителство, гастрономија, но и на другите сектори, споменувајќи ја можноста за искористување на средствата од Европската Унија за подобрување на инфраструктурата и туристичките капацитети. аа/
Фото: Беса