• сабота, 21 декември 2024

Ливерпул ремизира на првиот натпревар по паузата поради коронавирусот

Ливерпул ремизира на првиот натпревар по паузата поради коронавирусот
Ливерпул, 21 јуни 2020 (МИА) - Евертон и Ливерпул вечерва на „Гудисон парк“ одиграа нерешено 0:0 во натпреварот од 30. коло од првенството на Англија. Градското дерби беше прв дуел за двете екипи по тримесечна пауза поради пандемијата на коронавирус. Средбата, од безбедносни причини, се одржа на празни трибини. Ливерпул по овој исход е на првото место на табелата со 23 бода предност во однос на  најблискиот ривал, Манчестер сити. За да стане шампион, за прв пат од 1990 година, Ливерпул треба да освои само пет бода на осумте средби до крајот на шампионатот во Премиер лигата. зс/

Остани поврзан