• петок, 22 ноември 2024

Ливерпул и Тотенхем се најеколошки клубови во Премиер лигата

Ливерпул и Тотенхем се најеколошки клубови во Премиер лигата
Лондон, 2 февруари 2022 (МИА) - Британската телевизија „Би-би-си“ и компанијата „Sport Positive Summit“ со поддршка од ООН составија ранг-листа на најзелените клубови во Премиер лигата. При рангирањето, клубовите добиваа максимум два поени во секоја од 11 категории - клупска политика и посветеност на животната средина, употреба на чисти извори на енергија, енергетска ефикасност, употреба на одржливи начини на транспорт, намалување или елиминирање на пластиката за еднократна употреба, отстранување и рециклирање отпад, ефикасно употреба на вода, растителна храна или храна со ниска содржина на јаглерод, биодиверзитет, образование, пристап до заедницата и ангажман. Доделени се и два бонус поени. Така, максималниот можен број на поени е 24. Ливерпул и Тотенхем се прогласени за најеколошки, со 23 бода. Особено, играчите на Тотенхем патуваат на натпревари со автобуси на биогориво, кои ги намалуваат емисиите на штетни гасови за повеќе од 80%. Ливерпул се обврза да лета со авиони со користење на декабонизирано гориво. Ќе ги намали и емисиите за 80 %. Следни на листата се Манчестер сити и Саутемптон (21 бод), на делба на шеттото и шестото место се наоѓаат Арсенал и Манчестер јунајтед со по 19 поени. Актуелниот европски шампион Челзи е на 10. место со 14,5 бодови, а најслабопласиран клуб на оваа листа е Њукасл со само 10 поени. зс/

Остани поврзан