• среда, 03 јули 2024

Ливерпул и Ајакс изборија осминафинале во ЛШ

Ливерпул и Ајакс изборија осминафинале во ЛШ
Ливерпул, 3 ноември 2021 (МИА) – Екипите на Ливерпул и на Ајакс се третиот и четвртиот патник во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони по вечерните победи во 4. коло од елитното натпреварување. Претходно пласман помеѓу 16-те најдобри обезбедија Баерн Минхен и Јувентус. Резултати на средби од 4. коло во Лигата на шампионите одиграни вечерва во сегмент А-Д: Милан – Порто 1:1 Реал Мадрид – Шахтјор 2:1 Борусија Дортмунд – Ајакс 1:3 Ливерпул – Атлетико Мадрид 2:0 Манчестер сити – Клуб Бриж 4:1 Лајпциг – ПСЖ 2:2 Шериф Тирасол – Интер 1:3 Спортинг – Бешикташ 4:0. Табела А-група: Манчестер сити 9 бода, ПСЖ 8, Клуб Бриж 4, Лајпциг 1. Табела Б-група: Ливерпул 12 бода, Порто 5, Атлетико Мадрид 4, Милан 1. Табела Ц-група: Ајакс 12 бода, Борусија Дортмунд 6, Спортинг 6, Бешиктеш 0. Табела Д-група: Реал Мадрид 9 бода, Интер 7, Шериф Тирасол 6, Шахтјор 1. зс/

Остани поврзан