• понеделник, 23 декември 2024

Ливерпул го објави грандиозниот спонзорски договор

Ливерпул го објави грандиозниот спонзорски договор
Ливерпул, 7 јануари 2019 (МИА) - Ливерпул официјално објави дека ќе има нов спонзор на дресовите почнувајќи од 1 јуни. Се работи за американската марка „Најк“, која го заменува „Њу Баланс“. „Енфилд“ не откри ништо за параметрите на договорот, само споменувајќи дека договорот е „повеќегодишен“. Информациите во англиските медиуми за условите се доста различни, но скоро сите тврдат дека договорот, кој е за пет години, ќе биде рекорден за англискиот фудбал, земајќи ги во предвид сите клаузули и бонуси, или барем ќе биде близу до сегашниот рекорд. Според „Дејли мејл“, договорот е апсолутен врв за англискиот фудбал и изнесува 80 милиони фунти - пет милиони повеќе од оној на Манчестер Јунајтед со „Адидас“. Според „Атлетик“, фиксната сума е само 30 милиони за сезона - 15 милиони помалку отколку што даваше „Њу Баланс“. Од тука, сепак, започнува долгиот список на дополнителни услови, што значително го зголемува вкупниот износ. Ливерпул ќе добие 20% од целата продажба на производи (тука ќе има значителен приход за клубот за секој продаден дрес), со исклучок на копачките за кои процентот е намален на 5%. „Најк“ исто така ќе му обезбеди на клубот лиценцирани производи во вредност од 2 милиони фунти плус 19% попуст на стандардни цени во Велика Британија. Покрај тоа, има бонус од четири милиони за освојување во Лигата на шампионите, два милиони за квалификации за најпрестижниот клупски турнир и два милиони за секоја титула во Премиер лигата. „Најк“, исто така ќе продава предмети на Ливерпул во 6.000 продавници на компании низ целиот свет, двојно повеќе од дистрибуцијата што ја обезбеди со претходниот спонзор. На крајот, „Атлетик“ проценува дека вкупната сума надминува 70 милиони фунти.

Остани поврзан