• сабота, 21 декември 2024

Ливерпул го загуби дербито со Тотенхем, па доби извинување за поништен чист гол

Ливерпул го загуби дербито со Тотенхем, па доби извинување за поништен чист гол

Лондон, 30 септември 2023 (МИА) - Компанијата „Professional Game Match Officials Limited (PGMOL), која е одговорна за работата на ВАР судиите на натпреварите од Премиер лигата, призна судиска грешка на натпреварот Тотенхем - Ливерпул (2:1) во 7. коло од Премиер лигата.

 

Судијата на натпреварот, Сајмон Хупер при 0:0 му поништи чист гол на Луис Дијаз поради наводен офсајд. Во ВАР ја потврдија одлуката.

 

-ПГМОЛ прифаќа дека имало значителна човечка грешка во првото полувреме од натпреварот Тотенхем - Ливерпул. Голот на Луис Дијаз беше поништен поради офсајд од страна на официјалните лица на натпреварот на теренот. Ова е јасна и очигледна фактичка грешка што требаше да резултира со признавање на голот по интервенција на ВАР. Сепак, ВАР не интервенираше. ПГМОЛ ќе изврши целосен преглед на околностите што довеле до грешката, се вели во соопштението.

 

Дополнително, судијата исклучи двајца играчи на „црвените“ Кертис Џонс и Диого Жота. Дополнително

 

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше судењето по крајот на натпреварот. Ливерпул ја пропушти шансата да се најде на врвот на табелата во Премиер лигата и е на четвртото место со 16 бодови. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан