Либан: Повеќе од 1.500 жртви во една година на прекугранично насилство
- Либан денеска соопшти дека повеќе од 1.500 луѓе загинале во речиси една година на прекугранично насилство помеѓу Хезболах и израелската армија, кое драматично ескалираше оваа недела.

Бејрут, 26 септември 2024 (МИА) - Либан денеска соопшти дека повеќе од 1.500 луѓе загинале во речиси една година на прекугранично насилство помеѓу Хезболах и израелската армија, кое драматично ескалираше оваа недела.
Според податоците во соопштението објавено од либанската единица за управување со катастрофи, 1.540 луѓе се убиени, од кои 60 во последните 24 часа, а 5.410 се ранети во тековните непријателства. ссм/
фото: архива