• петок, 05 декември 2025

Либанскиот претседател ѝ нареди на војската да се спротивстави на секој израелски упад во земјата

Либанскиот претседател ѝ нареди на војската да се спротивстави на секој израелски упад во земјата

Бејрут, 30 октомври 2025 (МИА) – Либанскиот претседател Џозеф Аун денеска му нареди на командантот на армијата на земјата да се спротивстави на секој израелски упад во јужен Либан, откако израелските сили претходно ја преминаа границата и убија едно лице во градот Блида.

Како што претходно денеска соопшти израелската војска, во текот на ноќта извршила напад во Блида на југот на Либан, и тврди дека тоа било дел од операцијата за уништување на инфраструктурата на Хезболах.

За време на нападот, војската, според соопштението, идентификувала осомничен во зграда, која, според либанските медиуми, била зграда на општината Блида, и почнала „постапка за апсење на осомничениот“, пренесува Тајмс оф Израел.

- Кога беше идентификувана непосредна закана за војниците, војниците отворија оган за да ја отстранат и беше идентификуван погодок, се вели во соопштението на израелската војска.

Според либанските медиуми, во пукањето загинал работник на општината, пренесува Тајмс оф Израел.

Израелски воен извор потврди дека трупите на либанската армија пристигнале во областа откако израелската армија се повлекла и оти немало судири меѓу страните. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан