• понеделник, 23 декември 2024

Либанскиот премиер Микати и претставничката на ОН за Либан го осудија израелскиот напад во Бејрут

Либанскиот премиер Микати и претставничката на ОН за Либан го осудија израелскиот напад во Бејрут

Бејрут, 31 јули 2024 (МИА) - Либанскиот премиер Наџиб Микати како „очигледна агресија“ го оцени и експресно го осуди израелскиот воздушен напад на југот на Бејрут, чија цел беше официјален претставник на Хезболах, кој, како што кажа, ја избегна смртта. По нападот и специјалната координаторка на Обединетите нации за Либан, Жанин Хенис-Плашар, ја изрази својата загриженост за израелски напад врз густо населеното јужно предградие на Бејрут, во кое имаше жртви, и повика на воздржаност од Израел и либанската милитанта група Хезболах.

Либанскиот премиер ја повика „меѓународната заедница да го преземе својот дел од одговорноста, да изврши притисок врз Израел да престане со агресијата и заканите и да ги спроведе меѓународните резолуции“.

Британските медиуми пренесуваат дека Хенис-Плашарт потенцира дека нема воено решение за кризата и ги повика Израел и Либан да постигнат договор преку дипломатија за прекин на непријателствата.

Таа посочи дека е во близок контакт со клучните соговорници. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан