Лејкерси се надеваат на враќање на Леброн Џејмс оваа сезона
- Според главниот тренер на Лос Анџелес лејкерс, Дарвин Хем, клубот смета на враќање на ѕвездата Леброн Џејмс во текот на тековната сезона.

Лос Анџелес, 20 март 2023 (МИА) - Според главниот тренер на Лос Анџелес лејкерс, Дарвин Хем, клубот смета на враќање на ѕвездата Леброн Џејмс во текот на тековната сезона.
- Очекуваме Џејмс да се врати во тимот во одреден момент од сезоната, изјави Хем во неделата.
Триесет и осумгодишниот Џејмс ја повреди тетивата на десната нога на 26 февруари за време на натпреварот против Далас. Клупските лекари треба в четврток да го прегледаат 4-кратниот МВП.
Лејкерси имаат пет победи и пет порази без Џејмс. Екипата го зазема 11. место во Западната конференција (11 натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната).
Леброн има просек од 29,5 поени, 8,4 скока и 6,9 асистенции по натпревар. зс/
Фото: ЕПА