• понеделник, 01 јули 2024

Лефков: Заев го зголеми долгот за нови 2,4 милијарди евра, затоа граѓаните плаќаат нова такса од 4,13 денари за горива

Лефков: Заев го зголеми долгот за нови 2,4 милијарди евра, затоа граѓаните плаќаат нова такса од 4,13 денари за горива

Скопје, 18 јуни 2021

Заради Зоран Заев долгот на државата изнесува рекордни скоро 7.2 милијарди евра. Зоран Заев како премиер е виновен за 50% зголемување на долгот. Тој во изминативе 4 години ја задолжи Македонија за 2.4 милијарди евра, тоа е најголемото задолжување и тоа кое е сторено во рок од 4 години до сега.

2.4 милијарди евра се пари кои Зоран Заев и оваа најкриминална влада во Европа ги позајмиле и ги потрошиле во изминативе година, а никој не знае што е направено со нив. Нема нови автопати, нема нови патишта, нема нови клинички центри, болници, училишта и градинки. Македонија буквално стагнира 4 години.

Нема ништо, имаме само повеќе долгови, за овие 4 години само Зоран Заев го задолжил секој еден граѓанин без разлика на неговата возраст за 1.200 евра, ова се пари кои со камати ќе треба да ги враќаат идните генерации, ова се пари кои Заев ги позајмил од банките, но и ги украл од идните генерации.

Долгот кој пред се е последица на Заев е околу 63% од БДП, а со тоа и се движиме кон состојба да не можеме да ги исплаќаме нашите обврски. Инвестиции нема, а со тоа и буџетот не се полни за да може да се пополнат сите дупки кои ги предизвика Заев.

За да ги покрие долговите кои тој лично ги направи Заев, удри по народот. Покачувањето на горивата за нови 4.13 денари, како последица на нова такса е трајно зголемување на цената на горивата и има за цел да собере пари од народот за да се покријат дупките кои настанаа заради криминалните тендери и поткупот на изборите.

Класичен пример дека никој не знае каде завршија парите од задолжувањата е фактот што Заев вети 850 милиони евра помош за граѓаните и фирмите, а само 350 милиони евра се префрлени. Заев испумпуваше пари од буџетот и преку разни тендери, па гледавме како на централно и локално ниво се фрлаа пари за тендери и се плаќаа услуги и двојно поскапо од тоа што се плаќаат услуги и ствари во државите од соседството. Заради сето ова сега во буџетот нема пари, а долговите нема од што да се враќаат, па Заев удира по народот.

Заев и кликата околу него трошат, а народот плаќа.

Време е да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе.

Одговор на новинарско прашање на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Лефков:Ако Заев понудил предлог македонскиот и бугарскиот јазик да се сметаат за исти јазици, тогаш тоа е национално предавство и негирање на македонскиот идентитет

Новинарско прашање: Ваш коментар во врска со предлогот на премиерот Зоран Заев кој се појави во бугарски медиуми каде има контроверзни ставови во смисла на македонскиот јазик, дека македонскиот и бугарскиот јазик се едно исто, што ќе направите да се спречи?

Одговор: Ако ова што го пренесуваат медиумите е вистина, а кое се однесува на предлогот кој Заев го дал на бугарската страна тоа ќе значи четири работи.

Прво, дека Заев наспроти неговите уверувања и тврдења дека не се преговара за посебноста на македонскиот јазик, тој безочно ја лажел јавноста. Ова директно потврдува дека се преговара токму за посебноста на македонскиот јазик кој е наше идентитетско обележје.

Второ, Заев со ова ја прифаќа негаторската теза на круговите во Софија, дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти јазици, што пак е директно загрозување на нашиот идентитет.

Трето, ова значи дека Заев ги потврдува бугарските тези дека се до кодификацијата на македонскиот јазик во 1945 година, македонскиот јазик бил форма или дијалект на бугарскиот јазик, што е апсолутно неточно. Ваквото тврдење е негирање на историскиот континуитет на македонскиот јазик.

Четврто, Заев на овој начин покажува дека во преговорите врши национално предавство по теркот на Преспа. Укажуваме дека доколку Заев прифати вакво решение или формулација, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го прифати и ќе го напушти договорот.

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан