• недела, 22 декември 2024

Леклер по еден-два победата на Ферари во САД: Сè уште целиме кон титулата

Леклер по еден-два победата на Ферари во САД: Сè уште целиме кон титулата

Остин, 21 октомври 2024 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ги сподели своите впечатоци за победата на трката за Големата награда на САД. Дваесет и седумгодишниот Моначанец синоќа стартуваше од четвртата позиција и заврши на првото место со предност од 8.562 секунди пред тимскиот колега на Карлос Сајнц. Макс Верстапен од Ред Бул го освои третото место.

- Беше тежок викенд, имав проблеми поради не најдоброто чувство кога го возев болидот, но бев сигурен дека ситуацијата ќе се подобри на трката, и тоа се случи. Многу сум задоволен од исходот. Прво и второ место за тимот - повеќе не можевме да сонуваме. Направивме одлична работа. Болидот имаше навистина добро темпо. Ова е заслуга на инженерите. Целиот тим работи одлично. Остануваме фокусирани на титулата, изјави Леклер за „Sky Sports“.

Тој ја забележа својата трета победа во сезоната 2024 по етапите во Монако и Италија. Во моментов Леклер е трет во поединечниот пласман со 84 бода заостанување во однос на Верстапен.

Мекларен води во шампионатот за конструктори со 544 бодови. Ред Бул е на второто место со 504 бодови, Ферари е на третото место со 496 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан