Лекарски тим: Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е субјективно подобрена
- Лекарскиот тим што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.

Братислава, 25 мај 2024 (МИА) - Лекарскиот тим што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата. паг/
Фото: ЕПА