• петок, 04 октомври 2024

„Легендите живеат вечно“ - концерт во Филхармонија

„Легендите живеат вечно“ - концерт во Филхармонија

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Во Македонската филхармонија вечер ќе се одржи второто издание на „Легендите живеат вечно“ - концерт посветен на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за она што го оставија зад себе.

- Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Ивона Јо, Тамара Волческа и други пејачи ќе ги пеат хитовите на нашите музички великани, во придружба на камерен оркестар, чија интерпретација ќе допринесе за создавање вистински магичен амбиент и тоа со сигурност ќе биде ноќ исполнета со силни емоции. Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, кое ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика, Тоше Проески, ќе ги пееме песните на рокерот со нежна душа, Влатко Илиевски, нема да ги заборавиме и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски - Бојс како и многу други, соопштија од Филхармонија. бд/са/

Фото: плакат

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан