Левичарот Јаманду Орси ја презеде функцијата претседател на Уругвај
- Левичарот, поранешен градоначалник на крајбрежниот град Канелонес и професор по историја Јаманду Орси ја презеде функцијата претседател на Уругвај.

Монтевидео, 2 март 2025 (МИА) - Левичарот, поранешен градоначалник на крајбрежниот град Канелонес и професор по историја Јаманду Орси ја презеде функцијата претседател на Уругвај.
Инаугурацијата на Орси (57) го означува враќањето на Уругвајскиот широк фронт, мешавина од умерени левичари, комунисти и тврдокорни унионисти, по петгодишна пауза за време на владеењето на конзервативниот претседател Луис Лакалеа Поу, пренесоа агенциите.
Додека Орси полагаше заклетва пред Конгресот во уругвајскиот главен град Монтевидео, пред салата, на главниот градски плоштад, илјадници Уругвајци ја следеа церемонијата на огромните екрани. рп/
Фото: ЕПА