Левица: Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски го изгубија судскиот спор со Левица
- СООПШТЕНИЕ
29 октомври 2024
За време на владеењето на предавничката власт на СДС и ДУИ, тогашната најголема опозициска партија ДПМНЕ не изнајде сила и храброст да се спротистави на власта - и во немоќ, Мицкоски и Тошковски поднесоа тужба против Левица со што јасно посочија на кого гледаат како најголем политички непријател и опасност по вечните смени на ДПМНЕ и СДС.
Суетите на премиерот Мицкоски и министерот Тошковски и анимозитетот кон Левица а не кон СДС, кулминираа со тужба во која премиерот-подносител и министерот-адвокат бараат преку политички мотивирана хајка да се притисне и извини Левица поради наводно нарушен углед и достоинство на подносителот.
Предметот на тужба е видео-соопштението на Левица насловено ,,Фирми на Анѓушев и Мицкоски добиваат тендери во Општина Кисела Вода". Судот ја одби оваа небулозна и суетна тужба на Мицкоски и Тошковски, чиј проблем со Левица е тоа што не е дел од мафијашко-политичките врски кои ги обединуваат ДПМНЕ и СДС со олигархијата.
Левица ќе продолжи да биде најизразена опозициска партија и ќе продолжи да посочува на криминогената природа и врски со олигархијата на ДПМНЕ - како на централно ниво, така и на локално.
Откако ДПМНЕ го уништија Скопје до ниво на нефункционалност, извесно е следната година за градоначалник на град Скопје да биде предложен Орце Ѓорѓиевски - со цел да се донесе Генерален урбанистички план во кој ќе има плен за целата олигархија, проверена пракса во Општина Кисела Вода каде е и моментално градоначалник.
ПП Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.