• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Левица“: На координацијата кај претседателот на Собранието присуствувале само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Вреди и ЗНАМ

„Левица“: На координацијата кај претседателот на Собранието присуствувале само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Вреди и ЗНАМ

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Политичката партија Левица денеска преку соопштение реагира што согласно одлуката донесена на координација во Собранието денеска нема седница за пратенички прашања што се одржува последниот четврток во месецот. 

Како што посочуваат од партијата, на координацијата кај претседателот на Собранието присуствувале само пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Вреди и ЗНАМ. 

- Бидејќи извесно е дека ќе се постават тешките прашања за трагедијата во Кочани, а на обата наши буржујски властелини Мицко Диско и Венко Модуларна тоа не им одговара – тие си решиле да суспендираат изрична уставна, законска и деловничка ius cogens норма со „споразум“!? Па така, лажејќи ја јавноста дека има некаков си „консензус“ (иако координаторот на Левица не се согласил + координаторот на ДУИ не бил ни присутен), спикерот Гаши си пуштил соопштение до јавноста во која изнесува невистини дека „сите се сложиле“ да не работат!? Не е точно – се сложиле само: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВРЕДИ и ЗНАМ! Но, премиере, дури и да имало „консензус“ (а немало) – волјата на координаторите на пратеничките групи не може да ја суспендираат изричната императивна норма! Оти, со договори меѓу политичари не можете да дерогирате јавно-правна норма!, се наведува во соопштението од „Левица“. 

Собранието, како што беше соопштено, на координација на пратеничките групи поради трагедијата во Кочани донело одлука оваа недела да не се одржуваат пленарни седници.

На ова вчера свој став изнесе и пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ која пред седниците на највисоките партиски тела изјави дека нејзиниот личен став е дека требало да се одржи комеморативна седница по повод големата трагедија во Кочани во која загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени. мд/бак/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан