• петок, 22 ноември 2024

Левица: Деловникот на СДС-ДПМНЕ-ДУИ ја озаконува неуставната двојазичност

Левица: Деловникот на СДС-ДПМНЕ-ДУИ ја озаконува неуставната двојазичност

Скопје, 26 ноември 2023

Крајно штетниот Деловник, кој го изгласа здружената коалиција на СДС-ДУИ-ДПМНЕ, освен што ќе нанесе долгорочни последици врз демократските процеси (каде се лимитира учеството на опозицијата и се прошируваат ингиренциите на Спикерот) - истиот ја легализира неуставната и насилнички воведена двојазичност на Собранието!

Како што во минатото многу пати алармираа пратениците на Левица, нелегитимно избраниот спикер Џафери воведе неуставна пракса во Собранието, каде сите пратеници добиваат двојазични материјали. Ова насилничко однесување се коси со амандманот V од Уставот на Република Македонија и ваквата опасна иредентистичка тенденција води кон дводомен Парламент, со кој целосно ќе се сруши суверенитетот на Републиката!

Дури и пратеничката Гордана Силјаноска - Давкова алармираше дека воведувањето на двојазичност во Собранието е неуставно и најверојатно поради тоа, единствено таа не гласаше за новиот Деловник. Колаборативното однесување на ДПМНЕ во ваквите погубни антимакедонски процеси воопшто не изненадува, со оглед на фактот што истите ја одобрија неуставната двојазичност на униформите, а единствено Левица ги оспори пред Уставниот суд.

Манипулативното и лицемерно однесување на лажната опозиција, која кокетира со великоалбанските идеи, повторно дојде до израз. Иако ДПМНЕ во минатото тврдеа дека т.н. Закон за двојазичност е неуставен и истиот носи ризици кои можат да предизвикаат далекусежни последици, тие повторно ретерираа од своите позиции и беа учесници во уште едно национално предавство.

 

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан