• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Левандовски ќе може да игра против Интер во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите

Левандовски ќе може да игра против Интер во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите

Барселона, 4 мај 2025 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе биде достапен за игра против Интер во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, објави „АС“.

Според изворот, Полјакот се опоравува од повредата на тетивата побрзо од очекуваното и ќе може да излезе на теренот барем 30 минути.

Сепак, се забележува дека дефанзивецот Алекс Балде сигурно ќе го пропушти решавачкиот натпревар.

Првиот натпревар меѓу екипите во Шпанија заврши со резултат 3:3. Реваншот ќе се одржи на 6 мај во Милано. Натпреварот започнува во 21:00 часот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан