• понеделник, 08 јули 2024

Левандовски кон навивачите на Барселона: Бидете трпеливи, ќе освоиме нешто на крајот од сезоната

Левандовски кон навивачите на Барселона: Бидете трпеливи, ќе освоиме нешто на крајот од сезоната

Барселона, 15 февруари 2024 (МИА) - Најдобриот стрелец на Барселона, Роберт Левановски верува дека тимот, кој игра доста променливо, ќе освои нешто на крајот од сезоната. Полскиот интернационалец беше кум на хуманитарен настан во Барселона, каде беа собрани повеќе од 80 илјади евра за детската клиника во Сант Кугат дел Валес.

- Тоа е фудбал, работиме на секој натпревар да играме подобро. Мислам дека сега е совршено време да победуваме и да играме подобро. Ги молам сите наши навивачи за трпение. Ќе играме обединето и мислам дека на крајот на сезоната ќе бидеме задоволни од тоа како сме се претставиле. Сигурен сум дека ќе победуваме во многу натпревари, вклучително и во Лигата на шампионите. На крајот, ќе освоиме нешто“, вети Левандовски.

Тој одби да коментира дали Ханзи Флик, со кој ги освои сите трофеи со Баерн во Германија во 2020 година, може да го наследи Чави во Барселона. 

- Кој е тренер на Барселона во моментов? Чави. Тоа е тоа, благодарам, изјави Полјакот, кој има уште две години од договорот со клубот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан