• понеделник, 07 октомври 2024

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА

Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА

Лос Анџелес, 7 октомври 2024 (МИА) – Големата НБА-ѕвезда, Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс играа заедно во претсезонски натпревар.

Предводникот на Лејкерси и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на мечот со Феникс санс (114:118). Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди. 

За играњето со неговиот син, 39-годишниот Леброн вели: 
„Една од најдобрите работи што може да ги побара еден татко“.

Леброн постигна 19 поени 5 скока и 4 асистенции, Брони имаше два скока и четири загубени топки. Брони вчера наполни 20 години. зс/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан